Политика за приватност на личните податоци при посета на веб страната на Мак Аутостар

Кои информации ги собираме?

За време на посетата на интернет страната, Вашата приватност целосно се почитува. При

посета на интернет страната https://www.makautostar.com.mk, Мак Аутостар ќе ги искористи Вашите лични податоци исклучиво за цел на техничката администрација на веб сајтот, администрација на клиентите, истражување за производот и маркетинг, само во опсегот неопходен во секој случај посебно. Ние само ќе ги откриеме вашите податоци на надлежна државна во претходно утврдена законска постапка во случај тоа да се побара според закон.

Преку обработката на Вашите лични податоци ние го унапредуваме квалитетот на услугата, односно истото ни овозможува поефикасно одговарање на Вашите барања. Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Обработка на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност.

За кои цели се собираат и обработуваат Вашите податоци?

Компанијата може да собира и обработува лични податоци за следниве цели:

  • Известувања за интервјуа за вработување
  • Вработување или практична работа
  • Анкета за задоволство на клиентите
  • За доставување на фактура или профактура
  • За да ве контактираме: Да ве контактираме по е -пошта, телефонски повици, СМС -пораки или други еквивалентни форми на електронска комуникација.
  • За доставување на новости и промоции поврзани со Мак Аутостар

На кој начин се врши обработката на личните податоци?

Обработката на Вашите лични податоци Мак Аутостар ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага, а кои се дел од интерниот систем за заштита на лични податоци.

Личните податоци може да бидат единствено доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.

Категории на лични податоци што ги обработуваме:

  • Податоци за идентификација
  • Контакт информации
  • Описни податоци
  • Податоци за трансакција
  • Спецификации на производот
  • Историја на продажби (купувања)
  • Број на шасија и број на регистарски таблички

Ги обработуваме личните податоци кои сме ги собрале од Вам по пат на:

  1. Пријави за вработување: име и презиме, датум на раѓање, место на раѓање, адреса на живеење, државјанство, пол, степен и вид на образование, работно искуство, емаил адреса, телефонски број за контакт.
  2. Вработување: име и презиме, датум на раѓање, Ембг, место на раѓање, адреса на живеење, државјанство, пол, степен, и вид на образование, националаност, трансакциска сметка, емаил адреса, телфонски број за контакт.
  3. Користење на нашата веб страна: времетраење на посетата, видот на уредот што се користи, видот на прелистувачот што се користи (browser), видот на опреативниот систем (OS), веб страниците кои се прегледани, IP адресата, јазикот на кој прелистувате, термини кои сте ги користеле за пребарување на производи, географска локација.
  4. Користење на услугите на Мак Аутостар: име и презиме на клиентот, адреса на живеење на корисникот на услугите, телефонски број и емаил адреса, број на шасија на возилото и регистарски број на возилото
  5. Давање на финансиски лизинг услуги: име и презиме, адреса на живеење, телефонски број и емаил адреса, оцена на кредитоспособност, просечни месечни нето плати примања, ЕМБГ, вкупен стаж, допонителни примања, износ на лични обврски/задршки од плата, износ на кредитни обврски/задршки од плата како гарант/жирант
  6. Давање на бизнис оперативен лизин: име и презиме, адреса на живеење, телефонски број и емаил адреса, оцена на кредитоспособност, просечни месечни нето плати примања, ЕМБГ, вкупен стаж, допонителни примања, износ на лични обврски/задршки од плата, износ на кредитни обврски/задршки од плата како гарант/жирант
  7. Давање на бизнис оперативен лизинг за физички лица: име и презиме, адреса на живеење, телефонски број и емаил адреса, оцена на кредитоспособност, просечни месечни нето плати примања, ЕМБГ, вкупен стаж, допонителни примања, износ на лични обврски/задршки од плата, износ на кредитни обврски/задршки од плата како гарант/жирант
  8. Давање бизнис оперативен лизинг со гарантен депозит: име и презиме, адреса на живеење, телефонски број и емаил адреса, оцена на кредитоспособност, просечни месечни нето плати примања, ЕМБГ, вкупен стаж, допонителни примања, износ на лични обврски/задршки од плата, износ на кредитни обврски/задршки од плата како гарант/жирант

Зачувување на вашите лични податоци

Во текот на своето работење Мак Аутостар ќе ги задржи вашите лични податоци само онолку долго колку што е потребно за целите наведени во оваа Политика за приватност. Ние ќе ги задржиме и користиме вашите лични податоци до степен до кој е потребно за да се усогласиме со нашите законски обврски, ќе ги решаваме споровите и ќе ги спроведуваме нашите правни договори и политики.

Категории на корисници на податоци или примачи на кои можеме да им ги доставиме личните податоци:

  • Друштво за осигурување
  • Банки
  • Сервисот на Мак Аутостар
  • Управа за јавни приходи
  • Министерство за внатрешни работи
  • Финансиска полиција
  • Сообраќајна полиција
  • Надлежни инспекциски установи
  • Судови
  • Нотари и извршители
  • Адвокати
  • И останати овластени државни установи

Компанијата може да ги открие вашите лични податоци доколку таквата акција е неопходна за:

  • Усогласување со некоја законска норма
  • Спречување или истражување на можни грешки при давањето на услугите од страна на компанијата
  • Заштита на личната безбедност на корисниците на услугата или на јавноста

Обработувачи на податоци кои можат да имаат пристап до личните податоци:

  • Агенции за наплата на побарувања, со цел вршење на услуги за наплата на побарувања
  • Маркетинг агенции, со цел вршење на активности со цел реализација на маркетинг активности
  • Надворешни изведувачи на ИТ услуги, со цел вршење на услуги за одржување на системите, администрација и развој на системи и апликации
  • Сметководители, со цел извршување на активности од областа на смеководството
  • Надворешни даватели на услуги поврзани со архивирање на податоци

Автоматско одлучување врз основа на личните податоци:

За време на оваа обработка на лични податоци, не се случува автоматско одлучување врз основа на личните податоци.

Пренос на вашите лични податоци

Вашите информации, вклучувајќи ги и личните податоци, се обработуваат во рамки на Компанијата. Тоа значи дека овие информации не се предмет на пренесување.

Компанијата ќе ги преземе сите чекори што се разумно неопходни за да се осигура дека Вашите податоци се третираат безбедно и во согласност со оваа Политика на приватност и дека нема да се изврши пренос на Вашите лични податоци на организација или земја, освен ако не постојат соодветни контроли, вклучително и безбедноста на Вашите податоци и други лични информации.

Вашите права како субјекти на лични податоциВо согласност со Законот за заштита на личните податоци, како субјект чии лични податоци ги обработуваме, ги имате следниве права:

– да се информирате од Мак Аутостар околу начинот на обработката на личните податоци вклучително дали личните податоци се користат согласно целта за која се дадени;

– да побарате од Мак Аутостар да ги дополни, измени и/или ажурира ако Вашите лични податоци се нецелосни, неточни, или неажурирани со поднесување на барање;

– да побарате од Мак Аутостар да ја ограничи обработката на лични податоци со соодветно означување кои личните податоци ќе се чуваат; тука линк до документ;

– да побарате од Мак Аутостар да ги избрише Вашите лични податоци;

– да поднесете барање до Мак Аутостар со кое што ќе ја повлечете согласноста дадена за цели на обработка на личните податоци

– да поднесете приговор за начинот на обработката на Вашите лични податоци.

Овие права може да ги остварите преку информациите и документите кои се достапни на следниот линк https://www.makautostar.com.mk/za-nas/

Други информации

Имајќи ја во предвид природата на Интернетот, треба да се напомене дека при користењето на интернет страната, пасивно и автоматски се собираат податоци за навиките и

преференциите на корисниците. При посетата на интернет страната од корисниците, Мак Аутостар може да евидентира информации поврзани со нив, кои сами по себе не се доволни за да идентификауваат одредено лице и претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на интернет страната.

Колачиња на пребарувачот на интернет Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред заради подобрување на корисничкото

искуство и не се поврзуваат со вашите лични податоци кои претходно сте ни ги доставиле. Со помош на колачињата Мак Аутостар го следи движењето на посетителите на интернет страната и на тој начин собира податоци за подобро разбирање за користењето на интернет страната од страна на посетителите, со цел да се подобри корисничкото искуство, да се оптимизира и унапреди функционалноста на интернет страната. Колачињата ни овозможуваат да го препознаеме Вашиот интернет пребарувач, при следната посета на интернет страната. Колачињата може да ги зачуваат Вашите преференции и други технички информации можат да читаат податоци или информации од вашиот хард диск или мобилен телефон, ниту пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други интернет страни.

Промени во политиката за приватност на личните податоци

Мак Аутостар има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страната и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на овој документ. Корисникот се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.

Контакт

Доколку сакате Вашите податоци да бидат корегирани или избришани или доколку имате какви било прашања или предлози од областа на заштитата на личните податоци, можете да нè контактирате на следната електронска адреса: office@makautostar.com.mk

Напоменуваме дека електронската адреса од која што ќе не контактирате и останатите лични податоци, како и содржината на Вашите барања или предлози, нема да бидат искористени за ниту една друга цел освен за да Ви одговориме на Вашето барање, прашање или предлог упатен до нас.

Контакт

  • Ул. Индустриска 2
  • 1000 Скопје
  • Македонија
  • тел. + 389 22 580 000
  • факс. + 389 22 580 401
  • e-mail. office@makautostar.com.mk