Мак Аутостар е компанија основана во 1994-та година и е генерален дистрибутер на повеќе брендови од автомобилската индустрија, односно овластен продавач и сервисер на Mercedes-Benz патнички и комерцијални возила, автобуси, Setra, Evobus, Unimog и Fuso, овластен сервисер за Mitsubishi Motors, како и овластен дистрибутер на познатиот бренд за масло Mobil.
Компанијата е сопственик и на брендот Premium Used, под кој се одвива продажба на малку користени премиум возила од програмата на Mercedes-Benz, Audi и BMW.
Компанијата во изминативе години развиваше посебен оддел за продажба на резервни делови за сите автомобилски брендови во светот, со што стана лидер на домашниот пазар.
Со цел ослеснување при купувањето возила, Мак Аутостар формираше компанија за финансиски услуги – Master Leasing. На овој начин постигната е едно од главните цели на Мак Аутостар, можноста клиентот да пронајде сѐ на едно место – целосно решение за мобилноста. Она што компанијата го нуди е базирано на искуства за сеопфатно решение, од продажба и одржување до начин на финансирање.
Како сосема посебна дејност, Мак Аутостар се занимава со изнајмување на деловен простор. Компанијата е сопственик на модерен, деловен центар Premiium, во кој се нуди над 12.000 м2 простор за изнајмување. Деловниот центар нуди многу предности, пред сѐ флексибилност околу одредувањето на површината на изнајмување, висока енергетска ефикасност, сопствена фитнес сала, паркинг простор и др.
Нашата филозофија е да го дадеме најдоброто за оние кои го очекуваат најдоброто. Корпоративната историја на брендовите кои ги застапуваме е полна со иновации и достигнувања и претставуваат голема одговорност и увереност во лидерството кон кое се стремиме.
Заштита на личните податоци при користење на Facebook
На нашата веб страница е интегрирана компонентата на Facebook. Facebook е социјална мрежа – место за социјални состаноци на Интернет кое на корисниците им овозможува да комуницираат едни со други во виртуелен простор. Социјалната мрежа може да послужи како платформа за размена на мислења и искуства или за добивање лични или деловни информации. Facebook им овозможува на корисниците да креираат приватни профили, да поставуваат фотографии и да се поврзат преку барања за пријателство
Facebook, Inc., 1 Hacker Way, Menlo Park, Калифорнија 94025, Соединетите Американски Држави (САД) е контролор на податоците на субјектите од САД и Канада. Ако субјектот живее надвор од САД или Канада, контролор е Facebook Ireland LTD., 4 Grand Canal Square, Grand Canal Harbour, Даблин 2, Ирска.
Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница на кој е интегрирана компонентата на Facebook (Facebook plug-in), веб пребарувачот на вашиот информациски систем автоматски се поттикнува да испрати приказ на соодветната компонента на Facebook. Преглед на сите Facebook plug-in може да се обезбеди на https://developers.facebook.com/docs/plugins/. За време на овој технички процес, Facebook е информиран за тоа која веб страница сте ја посетиле.
Facebook секогаш прима информации за посетата на нашата веб страница, кога сте најавени на Facebook за време на посета на нашата веб страница. Доколку не сакате овие информации да се пренесуваат на Facebook, одјавете го Вашиот кориснички профил на Facebook пред да ја посетите нашата веб страница.
Упатството за заштита на податоците објавено од Facebook е достапно на https://facebook.com/about/privacy/. Тоа содржи информации за собирањето, обработката и употребата на личните податоци од страна на Facebook.
Покрај тоа, објаснето е какви поставки нуди Facebook за заштита на Вашата приватност. Дополнително, достапни се различни опции на поставки, за да се оневозможи преносот на податоци на Facebook
Овде можете да најдете актуелни новости и информации за понудите и промоциите на Мак Аутостар ДООЕЛ Скопје, и да ни каже што мислите за нас. Мак Аутостар ДООЕЛ Скопје ги почитува правилата и условите за користење на Facebook (www.facebook.com/terms.php?ref=pf), и го задржува правото да ги отстрани постовите или коментарите со содржини што се:
порнографски и незаконски
заведувачки и неточни
ги прекшуваат авторските или други права на компанијата
одобруваат или поттикнуваат незаконски активности
содржат говор на омраза
реклами или спам содржини со кои се вознемирува заедницата
или други коментари кои сметаме дека не се тематски ниту интересни за нашата заедница
Лицата кои ракуваат со овој Facebook профил се овластени од Мак Аутостар ДООЕЛ Скопје за обработка на личните податоци. Истите се запознаени со техничките и организациските мерки на Мак Аутостар ДООЕЛ Скопје и Политиките и процедурите од системот за заштита на личните податоци.
Доколку имате потреба за остварување на некоја ваша потреба да споделите лични податоци, исотото треба да се направи во минимум можен обем.
Заштита на личните податоци при користење на Instagram
На нашата веб страница е интегрирана компонентата на Instagram. Instagram е услуга која може да се опише како аудиовизуална платформа која на корисниците им овозможува споделување на фотографии и видеозаписи, како и ширење на таквите податоци на другите друштвени мрежи
Facebook Ireland Ltd., 4 Grand Canal Square, Grand Canal Harbour, Даблин 2 Ирска е контролор на личните податоци кои се обработуваат преку Инстаграм.
Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница на која е интегрирана компонентата Instagram (копчето Insta), веб пребарувачот на информацискиот систем на корисникот, автоматски бара да преземе приказ од соодветна Instagram компонента. Во текот на оваа техничка постапка, Instagram знае која страница сте ја посетиле
Доколку истовремено сте пријавени на Instagram, Instagram ги детектира сите посети на нашата веб страница од Ваша страна и севкупното време поминато на нашата веб страница. Тие податоци се собираат преку Instagram компонентата и се поврзуваат со Вашиот Instagram профил. Ако кликнете на Instagram копчето кое е интегрирано на нашата веб страница, Instagram ги поврзува овие податоци со Вашиот личен Instagram кориснички профил и ги зачувува личните податоци.
Instagram прима информации преку компонентата Instagram дека сте ја посетиле нашата веб страница под услов истовремено да сте најавен на Instagram за време на посетата на нашата веб страница. Тоа се случува независно од тоа дали сте кликнале на Instagram копчето или не. Доколку не сакте овие информации да се пренесуваат преку Instagram, одјавете се од Instagram профилот пред да ја посетите нашата веб страница.
Заштита на личните податоци преку системот за видеонадзор
Контролорот користи опрема за видео надзор за следниве цели:
заштита на животот или здравјето на луѓето;
заштита на сопственоста;
обезбедување на контрола над влегувањето и излегувањето од службените или деловните простории.
Затоа, обработката е законска согласно член 90 од Законот за заштита на личните податоци. На влезот на деловните објекти, има видливо и јасно истакнато известување за видеонадзорот кое им овозможува на субјектите на лични податоци да се запознаат со вршењето на видеонадзорот, како и за називот на контролорот кој го врши видеонадзорот и за начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видеонадзор.
Контакт
Ул. Индустриска 2
1000 Скопје
Македонија
Салон: + 389 22 580 000
Сервис: + 389 22 580 480
факс: + 389 22 580 401
e-mail: office@makautostar.com.mk
Политика за „колачиња“
Оваа страница користи „колачиња“ за да имате најдобро корисничко искуство. „Колачињата“ се зачувани во вашиот прелистувач и се користат за да Ве препознаат кога се враќате на нашата страница и ни помагаат да разбереме кои делови од интернет страницата Ви се најкорисни.
Само неопходни колачиња
„Само неопходни колачиња“ е препорачливо да бидат вклучени постојано за да може да ги зачуваме вашите подесувања за „колачињата“
Доколку ги исклучите овие колачиња, нема да бидеме во можност да ги зачуваме вашите поставки. Тоа значи дека секој пат кога ќе ја посетите нашата страница ќе мора повторно да ги вклучувате или исклучувате „колачињата“.